ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчката Влада воведува нови шест мерки, задолжителен негатвен тест за пристигнување од одредени земји

August 10, 2020 20:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Откажување на Меѓународниот саем во Солун; работно време до полноќ за кафулиња и ресторани во неколку делови на Грција; задолжителен негатвен тест за пристигнување од  одредени земји, како и од копнените граници, се дел од новите мерки на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони ги соопшти одлуките донесени на денешниот состанок за Ковид-19 на премиерот Кирјакос Мицотакис со надлежните министри и епидемиолозите.

Нема да се одржи Меѓународниот саем во Солун планиран од 5 до 13 септември на кој оваа година Германија требаше да биде почесна земја, а традиционалниот говор на премиерот ќе биде пред ограничен број присутни.

Една од шестте мерки соопштени попладнево е и забрана за работа на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично од полноќ до седум часот наутро на островот Крит, во регионот источна Македонија и Тракија, во Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос.

Забраната стапува во сила утре,  ќе важи до 23 август, а како што рече Пелони, во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата.

Во цела Грција, паралелно се откажуваат и сите јавни манифестации на кои присутните стојат, вклучувајќи ги и концертите и претставите.

Во однос на туристите, за сите оние кои од 17 август ќе пристигнат во Грција со летови од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија, задолжителен е негативен молекуларен тест ПЦР направен 72 часа пред патувањето.

Истото важи и за сите оние кои од 17 август ќе влезат во Грција преку копнените граници, вклучително и грчките граѓани и оние кои имат дозвола за престој, а тестот треба да биде направен во земјата од која што влегуваат, а не во Грција.

Пелони, дополнително соопшти дека од 16 август, преку граничниот премин Какавиас со Албанија дневно ќе биде дозволен влез на намногу 750 лица.

Next Post

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа, Москва враќа со иста мера

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk