ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Почнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел

August 10, 2020 15:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините во идното заштитено подрачје почнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел под слоганот „Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!“.

– Со цел, засегнатата јавност да биде добро информирана и запознаена што претставува „заштитено подрачје“, кои се придобивките, вклучувајќи ги и економските аспекти и зошто Осогово заслужува и треба да се заштити, ја почнуваме оваа кампања која ќе се спроведува во следните четири недели, соопшти МЖСПП.

Кампањата, како што посочуваат, ќе опфати промоција на кратки видеа и фото-тестемонијали од Осоговскиот регион, постови на социјалните мрежи со важни информации за идното заштитено подрачје, за природните вредности, биодиверзитетот и специфичните интеракции на природата и човекот, за туризамот, планинарството, специфичната култура и традиција, како и за придобивките од заштитата на подрачјето.

– МЖСПП, МЕД и ЈП „Национални Шуми“ ги повикуваат општините во регионот, невладините организации, медиумите, локалните бизнисии и сите вљубеници во природата да ја поддржат оваа кампањата преку споделување на содржините на своите веб страници и на социјалните медиуми и со тоа да придонесат за помасовно споделување на информациите за идното заштитено подрачје и успешното завршување на процесот, наведуваат од Министерството.

Во следниот период МЖСПП во соработка со општините ќе организира и четири јавни расправи во Осоговскиот регион за запознавање на засегнатите страни со Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планина и за заштитено подрачје во категорија – заштитен предел. Таа, додаваат, е изработена врз основа на Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини заштитен предел и Анексот на Студија.

– Јавните расправи се дел од активностите за вклучување на јавноста во процесот на изработка на конечниот Акт кој ќе биде доставен до Владата на усвојување. Термините за одржување на јавните расправи се достапни на веб страницата на МЖСПП. Идното заштитено подрачје Осоговски Планини опфаќа делови од општините: Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Чешиново Облешево, Кочани, и Македонска Каменица, се вели во соопштението.

Оваа кампања е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје

Next Post

Се усогласуваат детали за кратење на часовите и за поддршка на општините

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk