Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, како дел од преговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада ,пренесе ТВ21.
„Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор со страните со кои разговараме, логично разговорите ќе продолжат следните денови и веднаш штом можеме тоа да го споделиме преку медиумите“, посочи Зоран Заев.
Тој смета дека нема да губат време во определување на ресорите, бидејќи веќе знаат кој, каде е спремен да преземе одговорност.