Битката со опасниот коронавирус доцна синоќа ја загуби познатиот професор Клемент Ќерими, од политехничкиот универзитет во Тирана.
Тој веднаш по добиениот позитивен резултат бил хоспитализиран во Инфективната клиника, но последните денови му се влошила состојбата и бил интубиран.
Од него преку социјалните мрежи се простуваат голем број колеги, граѓани и студенти, кои го паметат како одличен педагог и искрен пријател.
Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година целосно беше разрушена куќата на Ќерими, при што тој го загубил видот на десното око, кога врз него паднал дел од мебелот во куќата.
Професорот (47) е 201 жртва од Ковид-19 во Албанија и трет универзитетски професор.