РОДИТЕЛИ преку онлајн петиција, која досега ја потпишале 2000 граѓани, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, а ова барање особено се однесува на учениците од прво до петто одделение.
КОМИСИЈАТА за заразни билести и МОН го одложија за утре состанокот за протоколите за наставата
ЛУКАРЕВСКА и Костовски кои станаа пратеници не се веќе директори на УЈП и на Службен весник
ВО последните 24 часа се направени 1885 тестирања, регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 и 161 има оздравени.
МИЦКОСКИ: Ахмети ме информираше дека ќе преговара за влада со СДСМ. Според математиката на Мицкоски, како што рече, „ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници, а СДСМ има 32“. и не му било јасно зошто Ахмети за победник го сметал Заев СДСМ и Коалцијата „Можеме“, а не ВМРО-ДПМНЕ.
ЕВРОПСКА Комисија: Пакет за МФП од три милијарди евра за десет земји, за С. Македонија 160 милиони евра.
НИТУ еден од патниците од авионот за Финска немал решение за изолација поради Ковид-19
ЗА транзит низ земјава не е потребен ПЦР тест.
ПАРИЗ денес е празен како никогаш претходно. Кој ќе го посети сега, не мора да чека во бескрајни редици пред главните атракции.
КУЛИО: Големо клише и по малку утописки е филмскиот хит „Опасни мисли“.
АМЕРИКАНСКИТЕ училишта поради епидемијата подготвуваат настава надвор.
ВО повеќе делови на Грција, меѓу кои и дел од острови што се популарни туристички дестинации, од денеска се воведува ново, ограничено работно време на угостителските објекти.
ОД утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ј. Ѓ.