Вчера бил уапсен вработен од Специјалниот завод во Демир Капија откако откако бил фатен на дело, како допира и бакнува девојка која е згрижена во домот, соопшти СВР Велес.
„На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата“, соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Додевски соопшти дека лицето е уапсено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.