ЛИДЕРИТЕ на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, разговорите ќе се продолжат.
ФРОНТ:
- Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут, „обновен моментум“ и тишината на „Источниот фронт“… ESSPRESO на Џабир Дерала.
- За образование по мерка на детето – колумна на Мирјана Најчевска / ЦИВИЛ МЕДИА
АНАЛИЗА: Валканото оружје на криминалните структури (2). Во вториот дел од оваа анализа прочитајте за тоа како и кој ја креира омразата, обемот на операциите и на групите кои сеат омраза и неколку размислувања за ефектите и решенијата.
ПРОДОЛЖУВА состанокот на Комисијата за заразни болести и МОН за протоколите за наставата. Се разговарало за предлозите за времетраењето на наставните часови и за потребата од измени на законите доколку тие бидат скратени од регуларните 40 во основно односно 45 минути во средно образование.
НАЈМАЛКУ едно лице загина, а четири се повредени во експлозија на гас во Балтимор, каде под урнатините има и неколку деца.
АКТИВНИ 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок.
ВО Финска слетал авион од Скопје со 24 патници позитивни на Ковид-19
БИТКАТА со опасниот коронавирус доцна синоќа ја загуби познатиот професор Клемент Ќерими, од политехничкиот универзитет во Тирана.
ОД почетокот на пандемијата во светот со коронавирусот се заразиле повеќе од 20 милиони луѓе, а 13 милиони се избориле против него.
НА „Охридско лето“ вечер концерт на полско-руското Дуо пијано 4 раце со Јулија Коќубан и Илја Максимов.
СОНЧЕВО со умерена облачност, температури до 35 степени За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ј. Ѓ.