КОНСУЛТАЦИИТЕ за формирање Влада, по изборите на 15 јули продолжуваат, откако во четвртокот претседателот на државата Стево Пендаровски му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„ЕУРОСТАНДАРД“ под стечај, сопственикот Костовски најави тужби, надлежните смируваат дека банкарскиот систем е стабилен и сигурен.
НЕГАТИВЕН ПЦР – тест стана услов за патување во земјите низ регионот, со исклучок на Албанија и на Турција.
МАТОШИ: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово, станува збор за погрешно толкување.
ФРОНТ: Топ Шоп образование, „но тоа не е сѐ!“ – колумна на Ана Н. Стојчевски.
НА протестите во Минск против Лукашенко, специјалците ги спуштија штитовите во знак на поддршка.
In front of government’s house in #Minsk #Belarus
❤️✊✌️
mainly ❤️ pic.twitter.com/WbYbUTtlMB
— Matthieu Henkens (@MattHenkens) August 14, 2020
ПОМАЛКУ од 3000 регистрирани активни случаи од Ковид-19, вчера нови 160 и тројца починати.
БЕЗ вода утре ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, односно на потегот од улицата „Костурски Херои“ до „Христо Смирненски“.
ФЕСТИВАЛОТ „Охридско лето“ продолжува да ја живее својата магија со вечерашниот настан од музичкиот дел на програмата – концертот на косовскиот уметник на гитара Петрит Чеку.
ПРОМОВИРАНА Монографијата „Фестивалска приказна“ за 60 години „Охридско лето“.
ФУДБАЛЕРИТЕ на Баерн Минхен на моќен начин со шест гола разлика ја совладаа Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот заврши 8:2 во корист на Баварците.
Ј. Ѓ.