ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

На денешен ден е роден ликовниот уметник Никола Мартиноски

August 18, 2020 09:41
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, КУЛТУРА
Никола Мартиноски. Илустрација од Зоран Кардула

Никола Мартиноски. Илустрација од Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден пред 117 години (18 август 1903 година) само 6 дена после падот на Крушевската република и во пламен зафатено Крушево, е роден Никола Мартиноски еден од најголемите сликари на овие простори.

Завршил Академија за ликовни уметности во Букурешт во 1927 година. Студиите ги продолжил во Париз од 1927—1928 година на Академијата Гранд Шомиер и од 1928—1929 година — на Академијата Рансон.

Мартиноски е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје, а потоа директор на Уметничката галерија. Бил член на Друштвото на ликовните уметници, член на Републичкиот совет за култура.

Почнувајќи од 1929 година наваму, има остварено голем број самостојни и групни изложби во Скопје, во други југословенски градови и во странство. Во Скопје има излагано десет самостојни изложби и девет групни; во Белград — пет самостојни и осум групни; во Загреб — три самостојни и две групни; во Љубљана — две самостојни. Излагал во Нови Сад, Дубровник, Сомбор, Цетиње. Во странство * излагал самостојно во Париз и Дижон, групно — во Париз, Вашингтон, Њујорк, Канада, Дижон, Брадфорд, Лондон, Москва, Ленинград. Киев и во скандинавските земји.

Добитник е на голем број награди: Награда за дипломска работа. — во Букурешт (1927), Награда на градот Скопје (1953 и 1955), Октомвриска награда на СРМ за сликарство (1959), Сребрена плакета на Сојузот на ликовните уметници на Југославија (1964), Награда за животно дело (1964), Награда АВНОЈ (1967) и Награда ,,Нерешки мајстори“ на Есенската изложба на ДЛУМ (1968).

Неговите дела се наоѓаат во повеќе музеи и галерии во земјата во Галеријата „Никола Мартиноски“ во Крушево, во уметничката галерија — Скопје, во Музејот на современата уметност — Скопје. во музеите и во галериите во Охрид, Штип, Прилеп, Битола, Струмица, во Народниот музеј во Белград, во Музејот на современата уметност во Белград, во Уметничката галерија во Сараево, во Модерната галерија во Љубљана, во Институтот на ЈАЗУ во Загреб, како и во бројни приватни колекции во земјата и во странство (Англија, Франција, Канада и др.).

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.

Починал на 7 февруари 1973 година.

Ј. Ѓ.

Next Post

Игор Алулоски од ГАК: Македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваме на европско ниво

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk