ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Грција училиштата и факултетите почнуваат со редовна работа со задолжително носење маски

За сите ученици и просветни работници ќе бидат обезбеднени бесплатни платнени маски, ќе бидат задолжителни во затворените простори, односно во внатрешноста на училиштата, со исклучок на паузите за јадење.

August 24, 2020 16:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со сите ученици во секое одделение или клас, со задолжителна употреба на маска, учениците во Грција регуларно, се враќаат во училишните клупи, но и студентите на сите факултети во земјата, соопшти попладнево министерката за образование на Грција Ники Керамеос, јави дописничката на МИА од Атина.

Керамеос објасни дека иако е планирано учебната година да започне на 7 септември, сепак постои можност да се се пролонгира, бидејќи целта е една седмица пред почетокот на наставата да нема раздвиженост и патувања на учениците за да се спречи евентуалното ширење на коронавирусот и упати повик до родителите, до крајот на август да се вратат од одмор.

Во однос на маските рече дека за сите ученици и просветни работници ќе бидат обезбеднени бесплатни платнени маски, ќе бидат задолжителни во затворените простори, односно во внатрешноста на училиштата, со исклучок на паузите за јадење.

За разлика од периодот по карантинот кога одново се отворија училиштата во Грција и секое одделение или клас беше поделено во две групи и наизменично, преку еден ден следеа настава, сега, во новата учебна година, не е предвидено такво нешто, туку наставата ќе се одвива регуларно, со сите ученици.

Керамеос рече дека во просек, секое одделение има по 17 ученици.

Дел од владиниот план вклучува и информирање на учениците за мерките за заштита од Ковид-19.

Во текот на новата учебна година во Грција нема да се одржат екскурзии, ниту училишни спортски натпревари.

Доколку се појави позитивен случај на Ковид-19 кај некој од учениците, ќе се следи специјалниот протокол од Националната организација за јавно здравје на Грција, ќе се затвора одделот, а не целото училиште, ќе се врши проверка на контактите, како и дезинфикација на просторот.

Во однос на високото образование во земјата, Керамеос рече дека студентите, регуларно се враќаат во амфитеатрите на Универзитетите во целата земја, а доколку на предавањето присуствуваат над 50 студенти, ќе се одржи онлајн, а исто како и за учениците, задолжителна е употребата на маска.

Регуларно ќе работат и студентските домови во цела Грција, додека пак за библиотеките задолжителна е употребата на маска и одржување на потребното растојание од еден и пол метар./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МТСП: Петок неработен ден за граѓаните од православна верисповед

НАЈНОВО

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

October 12, 2025
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk