ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Зголемен број новозаразени во Грција, вонредни мерки за Лезбос и Закинтос

August 28, 2020 21:33
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Грција веќе трет ден е зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, а зголемен е и бројот на починати од коронавирусот, според официјалните податоци од Националната организиација за јавно здравје.

Денеска беа соопштени 270 новозаразени, регистрирани се и пет смртни случаи, додека пак заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти нови мерки, како и продолжување на голем дел од оние кои што се во сила до 31 август, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите мерки се однесуваат на островите Лезбос и Закинтос каде што маската е задолжителна и на отворено и во затворени простори, се откажуваат сите забави, настани и манифестации, а се забрануваат и собири на над девет лица.

Хардаљас соопшти и продолжување за уште две седмици на голем дел од мерките што се во сила, како на пример, ограничувањата што важат во над 15 делови на земјата, мерките за туристите, затворените копнени граници, забраната за влез во Грција на државјани на трети земји итн.

На денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, заменик- министерката за труд и социјални прашања Домна Михаилиду претстави мерки што се однесуваат на домовите за стари лица.

Меѓу другото, ќе се интензивираат тестирањата и скринингот на вработените, предвиден е специјален протокол за управување со сомнителни случаи, како и протокол за грижа на старите лица.

Во Грција, за само три дена починаа 16 лица, а беа регистрирани 822 заразени со Ковид-19, а вкупниот број позитивни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 9.800 лица, а на починати на 259 лица./МИА/

Next Post

Изработен мурал во Македонска Каменица насловен „Рударски приказни“

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk