ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Бројот на новопотврдени случаи со Ковид-19 продолжува да паѓа

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7 проценти што претставува намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела.

September 2, 2020 12:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 24 до 30 август, направени се 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи што претставува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела.

Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје – 31,4 отсто. Во истиот период, во 23 града, или седум повеќе во однос на претходната недела, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7 проценти што претставува намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10 отсто, 9.4 проценти, 8.6отсто, 7.8 отсто, и 7.5 проценти.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7 отсто) позитивни.

Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 558 лица или 100 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 24-30.08.2020, како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје./МИА/ 

Next Post

Во Прилеп денес 8 нови случаи на коронавирус и 2 оздравени лица

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk