МАРИЧИЌ за Слободен печат: Спроведувањето на законот не може да зависи од политички договор.
ВО Основниот кривичен суд во Скопје денеска со почеток во 10 часот е закажано судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ кои се обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги.
АНГЕЛОВСКА-Бежоска: Се забележува постепено стабилизирање на меѓународните финансиски пазари.
ВО изминатото деноноќие (6-7 септември) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 408 прекршоци.
ВО текот на последното деноноќие Индија го мина Бразил по бројот на заразени со коронавирус и сега е на второто место во светот како најсилно зафатена земја од пандемијата, по САД.
ДОКОЛКУ постоеше одобрена и бесплатна вакцина за коронавирусот, 44 отсто од Грците не би сакале да се вакцинираат, наспроти 50 проценти од анкетираните, кои одговориле позитивно, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Метрон аналисис“ за грчкиот весник „То вима“.
ВЕЧЕР ќе се одржи концерт во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, каде ќе гостува гудачкиот квартет „Вива Стрингс“. Концертот е по повод Денот на независноста – 8 Септември.
По повод 8-ми СЕПТЕМВРИ – Денот на независноста вечерва ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
Во БРИСЕЛ денеска, со средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина.
БРОНЗЕН медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија.
ШЕСНАЕСЕТГОДИШНА малолетничка од радовишкото село Габревци вчера била прегазена од тракторска полуприколка откако паднала од тракторот, соопшти полицијата.
Ј. Ѓ.