Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, на 23 септември на суд ќе се соочи со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Локално.мк.
Повод за тужбата на обвинителката е поради содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.
Станува збор за спот во мајка му чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.
Русковска ќе бара отштета од 10.000 евра.







