ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими – ММФ: Целта е следните години растот двојно да се зголеми

September 10, 2020 10:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата предизвикана од Ковид-19 и нејзиното влијание врз македонската економија, преземените пакет-мерки и новиот што се изготвуваат во соработка со сите чинители во економијата, како и во консултации со Светска банка и ММФ, беа тема на разговор на првата онлајн официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Бергјот Бјорнсон Баркбу, шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Република Северна Македонија и Штефани Ебле, регионален резидентен претставник за земјите од Западен Балкан.

Бесими на средбата истакнал дека главен приоритет ќе биде ублажувањето на ефектите од ковид-кризата и обезбедување солидна основа за заздравување на економијата, а притоа зачувување на макроекономската стабилност.

Најавил дека ќе се следи работата на инситуциите и реализацијата на планираните проекти за конкретната година и во согласност со тоа ќе се утврдува колку средства ќе им се доделуваат наредната година.  Фокусот, како што рекол, ќе биде ставен во привлекување финансиски средства во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар, а со тоа, во координација со Народната банка, задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата.

– Министерот потенцира дека доколку успешно се спроведат политиките поддржани и со евроатлантските интеграции коишто делуваат како катализатор на растот, очекува во следните години просечниот раст да се дуплира, што би значело дека во најуспешните години може да се надмине психолошката граница за раст над четири проценти, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Шефот на Мисијата на ММФ му посакал успех на министерот во неговата работа. Од ММФ истакнале дека постојано ја следат состојбата во македонската економија и дека ќе продолжат да нè поддржуваат во рамките на своите можности како што претходно помогнаа со Инструментот за брзо финансирање од 176,5 милиони евра.

Next Post

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: Мицкоски молчи за написите за можна злоупотреба на буџетски средства во изборната кампања

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk