ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Царовска: Со дигитализацијата ќе изградиме современ и конкурентен образовен систем

September 10, 2020 18:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска учествуваше на онлајн дебата за дигитализацијата на образовниот процес, којашто е неопходна во време на пандемијата со Ковид 19. На дебатата учествуваше и Претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Можеби процесот на дигитализација кај нас е започнат, но треба да се интензивира. Затоа што времето брзо истекува и доколку не го фатиме чекорот со овој глобален процес, тогаш многу ќе заостанеме во трката по квалитетно образование за нашите сегашни и идни генерации ученици, рече Царовска.

Министерката истакна дека основната нејзина цел но и на владата е да изгради современ и конкурентен образовен систем на среден рок, кој ќе биде флексибилен и лесно прилагодлив на секоја нова промена со која се соочува општество или воопшто светот.

-Во таа насока, сакам да информирам дека покрај низата реформи кои ги предвидува новата 4 годишна програма за работа на Владата, која пак, веќе се детализира од страна на секоја институција, вклучително и од страна на институцијата за која добив мандат да ја раководам во делот на образованието и науката, еден од приоритетите е и дигитализацијата на образованието, за што ќе се изготви и Национална стратегија за дигитализација на образовниот систем, рече Царовска.

Царовска рече дека креирањето на единствена национална платформа за далечинско учење „и со задоволство можам да кажам дека веќе ја имаме првичната драфт верзија на оваа платформа, која можеби со мали дополнувања и минимални корекции врз база на сугестии од крајните корисници, ќе стане конечна и применлива до пред почетокот на учебната година. Јас веќе ја разгледав, лично ми се допаѓа и сметам дека ќе биде лесна за употреба и ќе ги задоволи очекувањата и потребите на сите кои ќе треба да бидат поврзани со истата, првенствено на учениците и наставниците.“

-Многу важно во овој процес е и обезбедувањето на дигитални учебници. Во заеднички дијалог со издавачките куќи и авторите на учебниците ќе работиме на што поголема застапеност на учебниците во електронска форма, рече Царовска.

Трибината на тема „Дигитализација и образование“, ја организираше Здружението за едукација, комуникации и консалтинг „ОХО“ од Битола./МИА/ 

Next Post

Една работа е многу важна: Часовите по физичко воспитување

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk