ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓански буџетен форум на Град Скопје „Моја заедница, моја визија“ за зелен и хуман град

September 16, 2020 13:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поставување сто сензори на критичните локации во Скопје каде има нјамногу загадување, формирање ресурсен центар за самохрани родители, поставувавање градски компостари за редуцирање на отпад но и фотоволтаични системи и градска мрежа од мониторинг станици се дел од проектите кои ја сочинуваат основата на визијата за зелено и хумано Скопје.

Овие проекти денеска беа претставени на граѓанскиот буџетски форум на Град Скопје за 2021 година, насловен „Моја заедница. Моја визија“, организиран од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. Креатори на проектори се десет граѓански организации кои имаат визија за зелен и хуман град.

Драгана Велковска, активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје, како соработник на дешениот настан, посочи дека години наназад постоеле разни контрадикторни и хаотични политики во управувањето на овој Град. Смета оти мора да се застане во моментов, бидејќи се соочуваме со климатска криза, зравствена, но и најголема економска криза во поновата историја.

-Имаме повеќе проекти, еден од нив е предлог поставување на градски компостари тоа е преработка на целиот биоотпад на територијата на Градот Скопје, според статистиките и анализите научни, околу 70 отсто од вкупниот отпад кој ние го произведуваме како Град отпаѓа на биоотпадот, а доколку тоа совршено функционира во еден совршен систем како што имаат земјите во светот, дури до 90 отсто од отпадот може да се редуцира на таков начин. Тоа значи нема повеќе палење депонии, тој отпад откако ќе се преработи, се произведува компос, биоѓубриво, органско ѓубриво..Ние не само што го елиминираме отпадот, нудиме и нов производ кој ќе ја облагороди почвата, рече Велковска.

Останатите предлози, како што појасни Велковска, се ресурсен центар за еднородителски семејства бидејќи градот во моментов нема, потоа стратегија за правата на лицата со хендикеп, предлози за стерилизација и кастрации на вдомени бездомни животни за да се спречи неконтролираното размножување и да се поттикне одговорно сопствеништво.

Останатите предлози се изработка на анализа за трансформација на зоолошка градина во Центар за рехабилитација и конзервација на диви видови, потоа поставување на фотоволтаици на училиштето „Никола Карев“, но и општо поставување во рамки на градот фотоволтаични системи за производство на чиста енергија, субвенции за граѓаните кои сакаат да постават таков систем за произведување на таков начин на енергија и предлози кои се во доменот на подобрување и унапредување на правата на разни маргинализирани заедници.

Сите овие предлози Велковска рече дека ќе ги поднесе преку архивата на Градот Скопје во процесот на конципирање на буџетот и очекува да бидат инкорпорирани во предлог буџетот кој ќе биде гласан на крајот на годинава. Посочи дека група проценка на предлозите е некаде една милијарда и 700 милиони денари.

Горјан Јовановски, креатор на апликацијата МојВоздух изјави дека имаат конкретни предлози за Град Скопје. Од Градoт се бара да финансираат сто сензори на територијата на Скопје. Сензорите се наменети за критични локации во градот, каде што се знае дека има загадување, но не се знае од каде конкретно потекнува загадувањето. Има голема дебата дали загадувањето е од домаќинствата или од индустријата.

Со поставување на сензорите на точно одредени локации што припаѓаат на самиот град или од страна на волонтери кои ќе сакааат да ги постават на нивните објекти ќе може конкретно и точно да се лоцира од каде потекнува загадувањето и да се воведат конкретни мерки за тоа.

Буџетот за сто сензори, од кои 15 се рачни сензори што овозможуваат на директно на местото да измерат и систем што ќе може да ги собере и презентира тие податоци во јавноста, чини 700.000 денари.

Бранимир Јовановиќ, професор по економија во своето обраќање на Граѓанскиот буџетски форум истакна дека граѓаните и граѓанските организации треба и може да бидат вклучени во креирање на градскиот буџет преку давање конкретни предлози за тоа што треба да се прави со градот.

-Јас се надевам дека предлозите што денеска ќе ги дефинираме тука ќе бидат сериозно разгледани од градските власти и некои од нив се надевам ќе бидат вклучени во буџетот за наредна година и се надевам дека други општини и институции ќе организираат вакви форуми, истакна Јовановиќ.

Next Post

Бочварски - Лоренцо Сера: Големиот инвестициски циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура

Shortcut

Најново

Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk