Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.
На средбата министерот Бочварски го информираше амбасадорот за капиталните проекти што се дел од големиот инвестициски циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.
Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија. Амбасадорот се запозна и со проектите кои во следниот период се утврдени во Програмата на Владата а се однесуваат на доизградба на железницата на Коридор 8, гасификацијата и проектите во комуналната сфера.