ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Заев: Пријатно е чувството кога двата соседи што се членки на Европската унија, се борат за нас

September 17, 2020 12:58
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев во интервју за МИА говори за поддршката што Грција и премиерот Мицотакис и ја даваат на Северна Македонија за влез во Европската Унија.

– Јас многу често зборував со позитивна изненаденост, на сите дебати на Европскиот Совет, првиот неуспешен во октомври, веќе беше премиер господинот Мицотакис, потоа во март со неговиот активен учинок внатре, зборувајќи за перспективите на Северна Македонија, да, и на Албанија, како нивен сосед исто така е еден од најпосветените поборници за европската иднина на Северна Македонија и тоа и го покажавме. Тука беше и борбата на премиерот Борисов, која што се случи. И тоа е едно убаво чувство. Двата единствени соседи од петте наши, што се членки на Европската унија, се борат за нас. Тоа е пријатно чувство, истакнува Заев.

Тој нагласува дека конечно во март успеавме да ја добиеме долгоочекуваната одлука.

– Еве сега помагаат во заокружувањето на преговарачката рамка и одржувањето, до крајот на годината, за време на германското претседателство, на првата меѓувладина конференција, каде што буквално со тоа почнуваат и самите преговори, тие се комплетни поддржувачи на тоа. Имаме среќа што Германија, претседава, канцеларката Меркел е исто така комплетно посветен на оваа насока и верувам дека ќе успееме, вели Заев.

Премиерот ги спомнува и енергетските проекти кои се од исклучителна важност за економијата на државата, а се директно поврзани со Грција

– Да не ги забораваме енергетските проекти, беа тема која што само се потврди на состанокот со мојот колега Кирјакос Мицотакис, а тоа е дека Република Северна Македонија изрази подготвеност, не само да закупи количини на гас од Александруполис проектот, но и да влеземе со наше учество, истакнува Заев.

Тој потенцира дека националниот гасовод ни е над 70 отсто изграден и верува дека за една, една и пол година ќе го завршиме целиот прстен за државата.

– Почнуваме да ги гасифицираме градовите и убаво е да имаме опции на конкурентност на гасот и сето тоа уште сега, навремено го потврдуваме. И од големите девелопери, мултинационални компании, тоа е позитивно прифатено. Даде исто така позитивен одек и Владата на Грција преку премиерот. Сето тоа потврдува дека навистина освојуваме еден простор модерен, на гасификација на нашата земја со обезбедени количини на глас со акционерско учество во самите проекти и верувам дека ќе се движиме во токму тој посакуван правец, рече Заев во интервјуто за МИА.

Заев во Атина, покрај другото оствари средби со претседателката на Грција, со лидерот на опозициската СИРИЗА Ципрас и со Премиерот на Грција Мицотакис. Премиерот Заев на покана од „Економист“ на 15 и 16 септември учествуваше на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“.

Ј. Ѓ.

Next Post

Влада: Обезбедена е целосна грижа за децата во градинките, логично е родителите да се вратат на работа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk