Идејата е да се намали бројот на депониите и количината која се исфрла како отпад во нив. Во однос на отпадот како држава имаме веќе проект-планови, но тоа е комплексен и скап процес. Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството.
– Идејата е да се воведе циркуларна економија, да се воведе рециклирање на отпадите, тоа е напредокот и иднината. Ние ќе работиме, ќе створиме план за отстранување на овие децениски диви депонии во градот, но истовремено барам од локалните власти да ги спречат луѓето да фрлаат отпад во овие места, вели Нуредини.
Тој истакна дека досега никогаш како Влада не навлегле во компетенциите на локалната власт во однос на менаџирање отпади.
Во однос на инспекторите, тој нагласи дека ќе побара од нив да бидат поефикасни, но и да се зголеми нивниот број. За мерните станици рече дека порачале делови, и верува во најскоро време дека ќе почнат да функционираат.