ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Отказ за советникот на екс министерот Чулев поради насилно и недолично однесување

September 18, 2020 17:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи денеска, по спроведената дисциплинска постапка од соодветната дисциплинска комисија, му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министер при Министерството за внатрешни работи, кој на оваа позиција беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше г-дин Наќе Чулев, а поради  насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи. Toj спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник.

Решението е донесено согласно член 208 став 1 точкa 4, 10, 14 и 20 од Колективниот договор на МВР, а во врска со член 187 став 1 точка 4, 10, 14 и 20 од Законот за  внатрешни работи.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15.07.2020 (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил  угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.                                                                

Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.

Овој акт е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување на неред да бидат најостро санкционирани. Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување. Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани.

Next Post

Рудникот Саса ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk