Филмот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој од средата се прикажува во стотина француски кино сали, предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика, јави МИА.
– „Атиџе е извонредна жена чии гестови на предците се последни на оваа планета. По должината на острите карпи во раскошните планини на Северна Македонија, Атиџе одгледува пчели. Со голи раце, пријателка на пчеларниците на кои им го остава својот дел од медот, задоволувајќи се со земање на половина од тоа, што таа ќе го продаде во градот за да преживее. Атиџе живее во трошна куќа без вода и струја со нејзината мајка која веќе не може да ја гледа и едвај се движи, но води мирна и среќна егзистенција“, го резимира филмот најтиражниот француски регионален весник „Уест Франс“.