ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ципрас ѝ препорача на актуелната грчка Влада да се придржува до Договорот од Преспа

September 20, 2020 17:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За одредените доцнења во имплементацијата на Договорот од Преспа, половина од одговорност е на Владата на соседната земја, а половина на нашата Влада, а Владата во соседната земја има и едно оправдување, не е само пандемијата, туку и фактот што долг период имаше техника Влада, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на денешната прес конференција во Солун во рамките на „Thessaloniki Helexpo Forum“, одговарајќи на новинарско прашање за спроведувањето на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот грчки премиер истакна дека „би ѝ препорачал и би ѝ го насочил вниманието на грчката Влада, штом го почитува и штом се бори за Договорот да се погрижи за придржување кон него“, а на средбата со Зоран Заев, премиерот на Северна Македонија, како што рече Ципрас, изразил подготвеност да се направат промените што не биле сторени досега, а произлегуваат од решението меѓу двете земји.

Ципрас го повтори ставот дека брзо бил оправдан за одлуката да го потпише Договорот од Преспа, но и дека актуелната власт во Грција и премиерот Кирјакос Мицотакис целосно го сменија мислењето откако дојдоа на власт.

-Договорот од Преспа беше еден од ретките моменти кога еден политичар има можност да се соочи со историјата, јас така се чувствував, истакна Ципрас.

Додаде дека „обично кога се натпреваруваш со историјата и носиш толку тешки одлуки не очекуваш толку брзо да бидеш оправдан“.

-Верувам дека многу, не сите, но многу од нашите сограѓани кои што беа загрижени, кои сметаа дека е некорисен договор, денес сфаќаат колку беше корисен за земјата. Замислете си сега, кога имаме закана од Турција во Егејското море и во Источниот Медитеран, да имавме турски војски во Скопје, а воздушниот простор да го надгледуваа турски Ф-16. Замислете, рече Ципрас

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постоеше некој вид на размена, односно Грција да се согласи на решение, а во замена од Европа да добие некратење на пензиите, нешто што беше актуелно во периодот додека траеја преговорите, Ципрас истакна дека доколку постоеше некоја замена, некаква трампа во ова прашање, „тоа беше од страна на Мицотакис, кој го неговото мислење за македонското прашање, го замени со перспективата за премиерската позиција“.

Ципрас објасни дека тие како партија, во грчкиот Парламент ќе побараат јавно гласање, со прозивање на сите пратеници за трите договори за соработка меѓу Грција и Северна Македонија, што произлегуваат од Договорот од Преспа, за да се чуе ставот на сите 158 пратеници од Нова демократија.

Денешната прес конференција на лидерот на СИРИЗА беше во рамките на „Thessaloniki Helexpo Forum“, изменетата варијанта на, оваа година поради пандемијата, откажаниот Меѓународен саем што традиционално се одржува секоја година.

Алексис Ципрас речиси четири часа одговараше на прашања на новинарите кои ги опфатија сите области и сите актуелни теми во Грција./МИА/

Next Post

Филипче: Од направени 1.368 тестирања, регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk