ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Депонијата „Краста“ ќе стане претоварна станица

September 20, 2020 08:28
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово – Пчиња, последниов период е посредена во однос на претходните години. Ова и претходното лето, дури и невообичаено за кумановци и жителите на Пчиња и соседните села, депонијата, ако може и така да се нарече, не гореше и не се чувствуваше непријатна миризба, нешто што беше одлика изминативе години.

Кумановци се сеќаваат на „војната“ што ја водеа Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и жителите на Пчиња, која неретко резултираше со блокади на патот, неможност за депонирање на сметот, купишта ѓубре околу контејнерите. И сега спорадично се случуваат протести, мештаните кои се познати по производство на раноградинарски производи го блокираат патот и бараат депонијата да се уреди. Ова се дел и од најавите на надлежните и од претпријатието и од локалната власт, како и од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање. Проектот кој го финансира ЕУ ќе го реши деценискиот проблем и на надлежните и на жителите.

Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12,5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесуваат од 100 до 120 тони смет. Платформата каде што камионите го истураат сметот е поголема, израмнета, веќе не се затрпува сметот. Дел од депонијата е покриен со земја што придонесува да не се шири непријатен мирис.

– На депонијата сега се мерат сите возила, поставена е вага и се издаваат белешки, воспоставен е ред на депонијата, две години депонијата не гори. Нема затрупување со смет, во овој период може да се контролира, а цената е двојно намалена во време на корона за депонирање смет. Камионите таму се перат, а контејнерите се носат и се мијат, вели директорката на претпријатието Цветанка Ивановска.

Таа додава дека проблемот со „дивите“ собирачи на смет е регулиран. Поставен е видеонадзор. Во овој период се селектира само стакло, иако има садови за селекција на смет поставени на повеќе локации, кои се уништени изминатиов период.

Ивановска додава дека „Краста“ ќе стане збирна станица на која ќе се селектира отпадот и ќе се транспортира до регионалната депонија. Претпријатието набавило преса, лента и ќе се врши селекцијата. Локацијата ќе се оплемени и ќе биде модерна депонија со зеленило, дрвја.

– Нема да личи на депонија, ќе биде една убава локација, вели Ивановска.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека општините од североисточниот и источниот регион и општина Свети Николе имале интензивна соработка околу реализирањето на проектот за воспоставување регионална депонија за управување со отпад претоварни станици за комунален отпад, кои ќе бидат изградени во согласност со најсовремените европски стандарди. Оттука, додаваат надлежните од Министерството, земени се предвид мерките за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

– Согласно овој проект, за локацијата „Краста“, предвидени се неколку активности: затворање на локацијата согласно законските мерки за заштита на почвата, водата и воздухот, со што веќе депонираниот отпад нема да предизвикува штета за животната средина и здравјето на луѓето, отворање нова стандардна т.н. ќелија за депонирање отпад согласно законските прописи за период до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, изградба на претоварна станица за комунален отпад, согласно европските стандарди и националното законодавство, која ќе служи за собирање на отпадот од сите општини во Североисточниот плански регион, во мобилни контејнери, кои потоа ќе се транспортираат до регионалната депонија, набавка на опрема контејнери (зелен и жолт за рециклирање), камиони и комплетна опрема за претоварната станица, ова е директна помош за јавните комунални претпријатија и затворање и чистење на сите идентификувани ѓубришта во сите општини од Североисточниот и Источниот регион и општина Свети Николе, од кои пет депонии и 36 ѓубришта во Североисточниот регион, изјави, Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад.

Изградбата на претоварната станица ќе се изведува паралелно со изградбата на регионалната депонија. Според Министерството, претоварната станица ќе има капацитет од 10.000 тони отпад, ќе има зони за сортирање разни типови отпад, рециклиран, кабаст отпад, за компостирање. Отпадот ќе биде компактиран со стационарни преси-компактори, ќе има товарни рампи и вага за возила и ќе работат најмалку десет работници во една смена. Сега на депонијата има вкупно осум работници.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ги уверува граѓаните дека е неоснован стравот од изградбата на претоварната станица. Напротив, овој проект може само позитивно да влијае на социјалниот и економскиот живот на граѓаните и е во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во целиот регион, вели Каранфилова Мазневска.

Таа напоменува дека Министерството укажува дека во секој случај, нерегулираните депонии кои во моментов ги има во сите општини се далеку поопасни за птиците, за флората и за земјоделието од регионалната депонија која се планира да се гради.

-Овие депонии/ѓубришта, особено оние каде што се фрла кланичен отпад (иако е забрането), се места на најголемите труења на царскиот орел и египетските мршојадци во последните децении. Ова би било спречено со изградбата на современа регионална депонија. Во однос на загриженоста на граѓаните кои го развиваат органското производство на храна, кое е возможно само во услови на добро контролирано управување со отпадот, а никако во услови кога има десетици диви ѓубришта и една неконтролирана депонија која е постојано во оган, реализацијата на овој проект може само позитивно да придонесе за развојот на органското производство на храна во целиот регион, вели Каранфилова Мазневска.

Со овој проект, појаснуваат од ресорното Министерство, се очекува значително да се подобрат практиките за управување со отпад во двата региони и општината Свети Николе, преку подобро собирање, селекција, третман и рециклирање на отпадот, како и негово безбедно отстранување. Сите аспекти се детално разгледани во Студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС), која е изработена како дел од проектот финансиран од ЕУ (EuropeAid / 136070 / И.Х. / SER / MK). Студијата за оцена на влијание врз животната средина е изготвена во согласност со Директивата на ЕУ 2014/52/ЕУ за оценување на ефектите на одредени јавни и приватни проекти врз животната средина и со македонското национално законодавство и е одобрена од МЖСПП.

Александра Максимовска/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk