ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се одбележа седмиот интернационален Светски ден за подигнување на свеста за растот кај децата

September 20, 2020 13:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се одбележа седмиот интернационален Светски ден за подигнување на свеста за растот кај децата, под мотото „Рано откриен нарушен раст = здравје за цел живот!“, а по тој повод,  Александар Петровски, претседател на на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „РАСТ“, истакна дека треба барем два пати годишно родителите да ги мерат нивните деца, да ја користат апликацијата преку која може да детектираат дека нешто не е во ред и да побараат помош од ендокринолог додека е време.

– Иако ми е многу тешко морам гласно да кажам дека се чувствувам немоќен и јас и и моите членови на Здружението. Повеќе од 10 години активна работа, осум летни едукативни кампови, седми по ред Светски ден за подигање на свесноста за растот кај децата, бројни прес-конференции и гостувања во отворени емисии, многу состаноци по институции, претставки пред Народен правобранител, и пак не сме направиле еден чекор напред, останува на кое дете како ќе му се посреќи дали е пред граница 100-110 и после тоа, истакна Петровски.

Тој нагласи дека тие деца како возрасни доколку не се лекуваат имаат зголемена појава на срцеви заболувања и заболувања на кардиоваскуларниот систем, мозочни удари, депресија, зголемена телесна тежина, со сите последици кои ги носи.

– Кој е виновен, оние родители кои доцна забележале дека растот е нарушен, здравствените работници кои доцна го пратиле детето на Детска Клиника, здравствениот систем кој нема можност да ги лекува сите деца кои имаат потреба од хормон за раст… ова е круг во кој сите се вклучени и треба да ги решиме сите препреки и детектирани дефекти во системот, потенцираше Петровски.

Тој образложи дека државата е ограничена, посочувајќи дека веќе 10 години сме фиксирани со една бројка на лекувани пацинети, – 100, 105, 102 и повторно 100.

– Она што сакам да истакнам е дека нашето Здружение направи една детална анализа којашто беше ставена на маса кај сегашниот министер за буквално без дополнителни финансиски импликации да може да се реши проблемот, барем да се зголеми таа бројка сигурно за 10 до 15, можеби 20 деца.  Низ годините паѓањето на цените на хормонот за раст исто така ми дава за право да кажам дека во земјава може да се стави онаа бројка којашто ја бараме, значи деца коишто релно чекаат на листите да може веднаш да стават нови пациенти, рече Петровски.

Next Post

Ризиците на слободата и сигурноста на бедата

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk