Блискиот соработник на Христијан Мицкоски, Игор Јанушев повеќе не е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски, Јанушев се повлекол од функцијата поради лични причини и во наредниот период ќе се изврши консултација со повеќе можни кандидати и во најбрз можен рок ќе се избере нов генерален секретар.
Во новиот Извршен комитет коj што Мицкоски го промовираше најголемо изненадување е инфектологот Вело Марковски. Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Александар Николовски и Владимир Мисајловски, се Иван Иванов поранешен пратеник, Сергеј Попов од Унијата на млади сили и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.
остатнатите членови се Гордана Димитриевска-Кочовска која беше заменик-министер за финансии во техничката Влада, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, советник во кабинет на Мицкоски, Марија Андоновска, пратеничките Олга Лозановска и Дафина Стојановска, Трајко Славески, Владимир Ѓорчев, полковник Владимир Ковачки, Коце Трајановски, Антонио Милошоски и доктор Кирил Пецаков.
Во членовите на ИК го нема Илија Димовски.