ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за Законот за основно образование

September 21, 2020 15:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на продолжението на 12-та седница расправаше за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги образложи законите за основно и за средно образование. Потсети дека за законот за основно образаование се дисутирало многу на комисијата и смета дека сите одредби од Предлог-законското решение и измената на законот за основно обрзаование се јасни.

– Утврдуваме одредена уредба која во вонредни околности ќе може да ја носи Владата се со цел да го уреди траењето на часовите, бројот на наставните денови во одредена година се со цел да се воспостави ова како механизам кој првпат ќе биде поставен во законот. Целта на оваа уредба ќе биде технички да ја уреди школската година во текот на таа година кога имаме вонредни околности. Првпат се воведува правото на учење од далечина, кое досега не било регулирано, рече Царовска.

Посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, со осовременување на образовниот систем може да се смета дека овој тип на платформа ќе биде корисна и за учениците и за континуирано учење на наставниците.

Пратеничката Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се работи за Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование бидејќи собраниската Комисија за образование и наука одлучи да прифати еден амандман од СДСМ.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано зошто нашите два амандмана кои беа многу конструктивни, а се со цел да се разреши состојбата во основното образование, немаше слух кај парламентарното мнозинство и не беа прифатени. Нашата воздржаност по однос на одредбите на законот за основно образование е од тие причини, потенцира Ласоска. Додаде дека како опозиција со тоа што поднеле само два амандмана покажале конструктивност и висока свесност за состојбите во кои се наоѓа нашето образование воопшто, особено основното образованието.

Според неа, во една ваква состојба не може да има политички игри и додаде оти сите присутни во салата и сите семејства во земјава се засегнати од одлуките во образованието. Посочи дека нивните амандамни се однесуваат на тоа дека треба Владата на учениците да им обезбеди компјутери и интернет во основните училишта и не било прифатено.

Пратениците од опозицијата укажуваа на недостатоците во образованието, на тоа што работела досега, како што велат, „старо-новата Влада“. Сметаат дека ја нема дијагнозата, големата слика во основното образование во состојба на Ковид-19, ги нема профилите на наставниците. Посочија дека 40 илјади ученици немаат компјутери и ќе треба да останат дома и да гледаат ТВ. Според нив, тоа е дискриминација.

Прашаа зошто не почна учебната година на време, дали ќе почне на 1 октомври, зошто нема да има скрининг на наставниците. Зошто досега не биле мапирани регионите со помалку заболени од коронавирус, како и училиштата каде нема основни услови за одржување хигиена, што е со образовните и лични асистенти на учениците со посебни потреби…

Пратеник Арбер Адеми и поранешен министер за образование и наука посочи на досега реализираните активности во образованието, како донесените законски уредби за децата да не ја изгубат учебната година, која како што рече, заврши успешно. Потсети на проектот ТВ училница што се емитуваше преку националната телевизија и додаде оти наставниците сериозно се ангажирале во целиот процес.

Адеми рече дека тој и пратеничктата група на ДУИ ќе дадат поддршка на ова законско решение. Укажа дека измените се потребни, неопходни и изрази надеж дека епидемиолошката слика во земјава ќе се подобри и сите ученици да се вратат во училиште.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците смета дека овој предлог-закон за основно обрзаование има за цел пренесување на сите ингеренции на Владата, а се запоставуваат Парламентот и општинските совети. Според него, Владата треба да има последен збор, но со согласност од локалната самоуправа бидејќи, како што рече, тие знаат најдобро што се случува во училиштата, инфраструктура и сл. , дека блок дотациите не се доволни за решавање на елементарните проблеми во нормални услови. Укажа дека досега онлајн наставата во земјава не се одвивала како што треба и била неуспешна.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 16 часот и најави дека ќе работат и по 18 часот.

Next Post

Почина 22-годишно момче од компликации од Ковид-19

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk