Бизнисменот Сеад Кочан останува во затвор, бидејќи Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за случајот „Труст”.
-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.
Во предметот на СЈО со Кочан беа обвинети и Василие Авировиќ и Сафет Ветиќ, како и две фирми („Трансмет“ и „Силекс неметали“).
Со првостепената пресуда од Кривичниот суд Кочан доби 6 години затвор, Авировиќ 3, a Ветиќ беше ослободен.
Потоа, Апелација одлучуваше за жалби и реши да ги намали казните. На Кочан му одреди 4 години и 8 месеци затвор, а тригодишната затворска казна за Авировиќ ја преиначи во две години условна казна кои нема да се извршат ако во наредните 5 години не стори ново кривично дело. Останатиот дел до пресудата на првостепениот суд, Апелација го потврди во целост.