ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пахор: Меѓувладината конференција да почне без одложување, ова е прилика што ЕУ не смее да ја пропушти

September 25, 2020 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓувладината конференција да се одржи веднаш и без одлагање. Ова е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти, недвосмилено и директно порача денеска словенечкиот претседател, Борут Пахор по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

Пахор јасно кажа дека конференцијата не смее да се одложи зашто тоа ќе доведе до инерција која може да трае долго време и сериозно да ги загрози интересите на Северна Македонија, на регионот и на ЕУ.

Затоа, подвлече Пахор, сега треба, без одложување, по тивките, како што рече, дипломатскли канали, но и отворено, на ниво на ЕУ, да се најдат сите патишта меѓувладина конференција да почне.

-Не можам да кажам колку е тоа битно. Мојата посета тука не е случајна, не е случјано ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да нагласам дека сега е вистинската прилика да не се одложува меѓувладината конференција на Северна Македонија со Европската комисија. Разбирам дека некои соседни држави имаат колебања, но сакам отворено и јасно да кажам дека сега е вистинско време за солидарност меѓу членките на ЕУ и за целата дипломатска ветшина да стори сé меѓувладината конференција да почне без одложување. Словенија сега не го повикува Брисел да направи чекор, туку сум тука, во Скопје, посебно да кажам само за една држава, зашто сé уште важи индивидуланиот пристап, потенцира Пахор на заедничката прес-конференција со Пендаровски.

Предизвикот, дополни, е многу голем, но со вешта дипломатија и цврста одлука да се почтиуваат постигнатите договори, може да се реши. Северна Македонија, потенцира Пахор, последните години направи толку многу за да ги исполни сите услови на ЕУ, така што сега би било неверодостојно ако сега во ЕУ би се нашле некои што би сакале да ги одложат билатералните разговори меѓу Северна Македонија и Унијата.

-Знам колку е чувствително ова прашање и тоа го кажувам како пријател на северномакедонскиот, но и на бугарскиот претседател. Кога блокирате договори станува политички се потешко да се најде компромис, рече словенечкиот претседател и додаде „двете држави да најдат решение што побрзо зашто одложувањето би значело многу тешка задача за наоѓање прифатливи решенија“.

Пахор најави дека и неговиот говор пред пратениците во македонското Собрание ќе го искористи за неколу предупредувања – што може да се случи ако се одложи проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Во оваа прилика претседателот на Словенија потсети дека по долгата блокада на Грција, грчката и северномакедонската политика беа способни да најдат компромис кој конечно ја тргна блокадата за доближување на земјава кон НАТО и ЕУ. Потоа, имаше уште неколку тешкотии за решавањето во Брисел кога може државата да почне со преговорите, но на крај до таква одлука дојде.

Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата кусо додаде дека до овој момент не постои официјална позиција на Бугарија со која се бара одложување на првата меѓувладина конференција.

-Сакам да го видам крајот на преговарачкиот процес кој се одвива во ЕУ. Не би ја коментирал почетната преговарачка позиција на Бугарија. Имаме намера периодов да го отвориме комуникацискиот канал со Софија. Би почекал следните недела – две како ќе се одвива преговарачкиот процес во Брисел. Има сигнали дека може да се најде компримис за неколку точки. Апсоултно сум убеден дека нашите бугарски пријатели нема да си дозволат да бидеме блокирани во декември, напомена Пендаровски.

По заедничката прес-конференција е предвидено Пендаровски и Пахор да положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. Пахор потоа ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во Законодавниот дом.

За попладне е планирана средба со премиерот Зоран Заев.

Словенечкиот претседател, кој ќе престојува во земјава денеска и утре, на платото пред „Вила Водно“ беше официјално пречекан од претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести.

Потоа се одржа тет-а-тет средбата на двајцата претседатели по што следуваше и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Словенија.

Пахор и Пендаровски утре ќе заминат за Охрид, каде ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода. Претходно ќе прошетаат низ Охрид и ќе ги разгледаат културните знаменитости.

Борут Пахор за време на посетата на земјава е придружуван од министрите за економски развој и технологија и за одбрана, Здравко Почивалшек и Матеј Тонин.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 50 воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари

July 2, 2025

Пратеничка пријавила закани

July 2, 2025

Мицкоски: Пописот не е и не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk