ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Зелена анкета: На локално ниво граѓанките и граѓаните незадоволни од зелените политики

September 25, 2020 12:39
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанките и граѓаните во Тетово, Гостивар, Штип и Свети Николе, одговараа на прашањето на Зелен ЦИВИЛ – колку зелените вредности се негуваат во нивните општини, дали нивните општини се еколошки, колку граѓаните се свесни за потребата од заштита на животната средина, .

Анкетата покажа дека граѓаните се свесни за проблемите, но и дека не учествуваат активно во нивно решавање. Од институциите бараат ажурност, но дел од нив не веруваат дека нешто ќе се промени во крирањето ефективни зелени политики.

„Немаме култура за тоа уште, ние сме самоуништувачи“, заклучува една од анкетираните граѓанки од Тетово, одговарајќи на прашањето колку се негуваат зелените вредности во општината.

„Не. Бев во Лешница. Греота е човек да го гледа тоа. 100% е уништена. Лешница беше срцето на Шар Планина“, одговори еден тетовчанец, во контекст на едно од најзначајните природни убавини на Шар Планина која во последните години се претвори во депонија од несовесните граѓани, но и со проектите за изградба на мали хидроцентрали.

„Го имаме во Гостивар проблемот со депонијата Русино. Не верувам дека тоа некој ќе го реши. Може само депонијата да се премести на друго место, но нема да се реши. Дали на гостиварчани или не, на нечија глава ќе се одбие проблемот“, смета еден гостиварчанец, зборувајќи за актуелниот проблем со депонијата Русино.

Ниту штипјани ниту светиниколчани се задоволни од општата слика за зелените вредности. Коментарите се однесуваат на недостаток на зелени површини, комунална хигиена, несвесност на граѓаните за важноста на сочувување на природата.

„Погледнете околу себе и ќе видите колку Штип е зелен и чист град“, изјави еден штипјанец.

„Граѓаните треба да се грижат“, вели друг од анкетираните граѓани во Штип, зборувајќи кој градот е зелен и чист.

„Доволно е да отидете на излетинчкото место Ѓуриште, кај се јаде таму се фрла, што повеќе да кажам“, изјави еден светиниколчанец.

„Поприлично зелен град, ама многу нечист. Комуналната се труди, но граѓаните не водат сметка. Казни, дебели казни, друго ништо не помага“, заклучи една од анкетираните граѓанки во Свети Николе.

Анкетата е дел од Зелениот караван на ЦИВИЛ посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Next Post

Сe затвора дебатата за четвртиот пакет мерки, ќе биде објавен в недела

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk