Во објава на својот профил на Фејсбук, премиерот Зоран Заев најави план за инвестиции во патишта низ државата од речиси 3 милијарди евра. Планот ги вклучува проектите „Македонија мегалополис“ за поврзување на најголемите центри за не повеќе од 90 минути и „Македонија без црни точки”.
Секој километар добар асфалтен пат е многу значаен за граѓаните. Без разлика дали е автопат, регионален или локален пат. Добрата поврзаност на населените места е од животно значење за секојдневието на граѓаните.
Како Влада, за наредните години усвоивме план за инвестиции во патната инфраструктура од приближно 3 милијарди евра. Ќе изградиме 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта.
Наша стратешка цел е реализацијата на проектите: „Македонија мегалополис“, инфраструктурно поврзување меѓу најголемите центри за не повеќе од 90 минути, и „Македонија без црни точки”, напиша премиерот Заев на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.