ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска–Чупи: Проектите на РЕФ за поголема вклученост на децата Роми во предучилишниот образовен процес ја има нашата целосна поддршка

October 5, 2020 10:51
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со Реџепали Чупи, директор на Ромскиот едукативен фонд со седиште во Белград, со кој разговараа за досегашните и тековни проекти на кои работи Фондот, со цел поголема инклузија на Ромите во општествениот живот преку помош и поддршка во образовниот и предучилишниот процес.

​Притоа, ккао што соопшти МТСП, Чупи посочил дека Ромскиот едукативен фонд има претставништа во 16 држави од Југоисточна Европа, а во нашата држава работи на два главни и многу значајни проекти –  стипендирање на деца средношколци Роми и проектот за бесплатно вклучување на деца Роми во предучилишно образование, проект реализиран од страна на МТСП во соработка со 18 единици на локална самоуправа.

-Овие проекти се имплементираат од 2006 година и секоја година се вклучуваат 350-400 деца роми на возраст од 3-6 години, во предучилишно образование, каде се вработени  и 19 негователки ромки како дел од проектот. Со цел поголема инклузија на децата роми во предучилишно образование од јануари 2019 година, МТСП вклучувањето на децата Роми во детските градинки по насока на Владата на РСМ, го реши на системски начин со предлог до советите на општините да ги ослободат од партиципација родителите на овие деца, се вели во соопштението.

Во текот на средбата се дискутирало и за можноста на вклучување на децата Роми во онлајн следење на наставна програма за предучилишно образование во време на КОВИД-19. За овозможување на таа цел РЕФ нуди поддршка со обезбедување на таблети на оние деца Роми кои нема да престојуваат физички во градинките.

Двете страни се согласиле дека соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Ромскиот едукативен фонд продолжува и понатаму, со цел поголема вклученост на Ромите во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на предучилишниот образовен процес.

Next Post

Комисија за заразни болести: Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk