По повод одбележување на 55 години од своето постоење, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во периодот кој следи ќе организира повеќе настани на теми поврзани со неговата научно-истражувачката и образовна дејност, информираат од Институтот.
Првата научна среда е на тема – влијанието на Ковид-19 кризата врз светот на работата и промените кои ги носи.
Настанот започнува денеска 7.10.2020 година во 18 часот со проф. д-р. Бојана Наумовска, Директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања- УКИМ.
Потоа проф. д-р. Марија Топузовска Латковиќ, ќе говори за „Импликации за Ковид-19 исветот на работата според Mеѓународната организација на трудот (ILO)“, Институт за социолошки и политичко- правни истражувања, Одделение за организациски науки-УКИМ.
Целата програма и распоредот на говорници можете да ја видите ТУКА.
– Излагањата и дискусијата ќе ги искористиме да ги слушнеме мислењата на претставници на академската заедница, бизнис секторот и граѓанскиот сектор во однос на предизвиците и можностите кои ги носи со себе кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Притоа сакаме да отвориме простор за мислењата на пошироката научна и стручна јавност во врска со оваа проблематика, велат организаторите.
Регистрирајте ваше учество на: https://forms.gle/6A9pF3eVwub5a8Xr8







