Пет наставници кои држеле он-лајн настава, се позитивни на корона откако почна новата учебна година. но, тие работат од дома, па во училиштата каде предаваат, учениците не биле во контакт и наставата тече непречено , изјави министерката за образование Мила Царовска.
Инаку денеска беше објавено дека наставничката (52) од основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар, се заразила со коронавирус од синот и дека едумнаесет првачиња се во изолација поради овој случај, а колешката ќе се тестира в сабота.
Половина одделение ги чекаат резултите од тестирањето откако нивната наставничка добила позитивен тест. Децата засега се во добра здравствена состојба и ја следат наставата онлајн.