ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Консензуално решавање на изборни проблеми – локални избори во најава

October 8, 2020 14:17
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ/ОДИХР излезе со своите наоди и заклучоци од текот на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули, оценувајќи ги како ефективни, со оглед на пандемијата со Ковид-19, негативниот тон на кампањата, техничките предизвици на денот на изборите, како и недостатокот на критички осврт кај медиумите.

Со формирање на новата Влада, а во пресрет на локалните избори 2021, веднаш се актуелизираа прашањата за измени во Изборниот законик, конкретно прашањето за отворени листи, ставајќи го во позадина проблематизирањето на една изборна единица.

Премиерот Зоран Заев изјави дека СДСМ ги поддржува измените што се однесуваат на отворени листи, но сите измени во Изборниот законик зависат од консензус меѓу политичките партии.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ даде свој предлог во пресрет на локалните избори наредната година. Тие  сметаат дека доколку се ограничат локалните избори на еден изборен круг, без прегласување, односно втор круг, ќе се заштедат пари. Истовремено според нив преференцијални листи за советници се, исто така, пожелни и потребни.

На денешната прес-конференција министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, како и за сите други треба да се постигне консензус. Истовремено најави дека веќе се формира работна група во која се вклучени сите засегнати страни, вклучувајќи ги и политичките партии. И оваа работна група, во рамки на Министерството за правда, ќе се води првенствено по препораките на ОБСЕ/ОДИХР како основа измените во Изборниот законик.

„Ние како владина коалиција и партија на власт имаме конкретни идеи,  воведување отворени листи за советите, а ќе имаме и други идеи. Во овој процес секоја идеја ќе биде вредна за разгледување и на крајот на процесот за секоја за која ќе има консензус од политичките партии ќе се најдат во текстот на законот“, рече Маричиќ.

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, пак, покажува дека во измените на Изборниот законик, во февруари 2020, за потребите за предвремените парламентарни избори, што беа првично закажани на 12 април, не се вклучени препораките за универзалноста  и  еднаквоста  на  гласот  во  изборната  единица  во  странство, ревизија на границите на изборните единици од страна на независно тело, правата на лицата со попреченост, како и ефективна  ревизија  на  финансирањето  на  кампањата.

Една од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР се однесуваа и на Избирачкиот список. За потсетува, ЦИВИЛ како организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг и по овие предвремени парламентарни избори останува на ставот дека хаосот во Избирачкиот список не е надминат, бројката на регистрирани гласачи не е реална, а голем број на граѓани ги немаше во Избирачкиот список. Дополнителен проблем настана и поради дислокација на избирачките места и нивна поделба на неколку избирачки места, истечени лични карти или нови лични карти. Сите овие гласачи се праќаа во ОИК од каде обично добиваа одговор дека немаат право на глас. Во ретки случаи се препраќаа во други избирачки места.

„Ефикасноста  и  точноста  на  регистрацијата на  гласачи е дополнително погодена од ограничениот информациско-технички капацитет на ДИК, поради што не беше спроведена дополнителна опсежна контрола на квалитетот на избирачкиот список“, се вели во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

Маричиќ на денешната прес-конференција додаде дека во измените на Изборниот законик, ќе биде имплементација на забелешките на ОБЕ/ОДИХР.

„Многу е важно да ги мотивираме граѓаните да учествуваат во изборите и да го дадат својот глас за оние за кои мислат дека се најквалитетни“, рече Маричиќ.

Последните изборни реформи поминаа без реални реформски решенија или подобрување на општата слика за изборните процеси во земјата. Пандемијата со Ковид-19 ги спречи институциите да работат во насока на демкратизација, но кризата не беше пречка да се продлабочи политичкиот дијалог. Напротив, недостатокот од истиот го покажа и начинот и манирот во кој се спроведе изборната кампања, како и низата нерегуларности, вклучувајќи го и поткупот на гласачи,  кршење на изборниот молк, говор на омраза, кршење на правото на глас…, па се до медиуми и социјални мрежи кои отворено и кампањски ширеа дезинформации, лажни вести, говор на омраза, служејќи се со клевети и навреди.

Биљана Јордановска

Next Post

Суд во Мадрид ја оспори одлуката на шпанската Влада за карантин

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk