Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 364 случаи од Ковид 19, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Министерот извести за новите мерки кои Комисијата за заразни болести ќе ги предложи до Владата:
– Забрана на семејни поголеми собири, прослави, слави и забави во домашни услови. Во една куќа, или стан, сопствениците дозволено е да примат најмногу + 4 луѓе кои се со друга адреса на живеење. Сериозен тип од новозаразените се од вакви забави, и сакамесо оваа мерка тоа да го превенираме рече министерот Филипче.
Се забранува групирање на јавен простор после 22 часот на група поголема од 4 луѓе на бензиски пумпи, паркови и други јавни површини.
Задолжително носење на маски, или марама секад при престој на отворено и на затворено на работно место и во јавен транспорт. Исклучок од ова правило ќе има: при спортување, при транспорт во приватно моторно возило ако лицата се од исто семејство, при седење во угостителските објекти, при престој во службени простории, канцеларии, ако лицето е само во канцеларијата, истакна Филипче.
И децата до 6 години нема да мора да носат заштитнни маски или други прекривки за лице, потенцираше министерот Венко Филипче на денешната прес конференција.
Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 септември до 4 октомври бележи зголемување на бројот на новорегистрирани случаи, при што најголемо зголемување на случаите има во возрасните групи од 20-29 и 30-39 години за 60% односно 46,1% соодветно. Од 9.832 тестирања дијагностицирани се 1.203 новозаболени, најголем дел од регистрираните и натаму се од Скопје. Во споменатиот период регистрирани се 30 починати и 786 оздравени лица.
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври 2020г., тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5% повеќе во однос на минатата недела.
Ј. Ѓ.







