ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

До крајот на годината банка за ткива и коски

October 10, 2020 16:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче и Националната координаторка за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска, денеска одржаа прес-конференција, по повод одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство – 10 Октомври.

На денот на одбележувањето, исто така, министерот Филипче и д-р Мојсова им доделија благодарници на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок, на Медицинскиот факултет и на здравствените установи кои активно се вклучени во трансплантацијата со една единствена цел – спасување на човечки животи и шанса за втор живот на пациентите на кои им е неопходна трансплантација на орган.
На прес-конференцијата, министерот Филипче истакна дека за првпат во нашата земја се направи трансплантација на срце, во услови на пандемија од ковид-19, а потоа се направија и две трансплантации на бубрези.
„Трансплантацијата е процес којшто е многу сложен, комплексен. Вклучува активности на експерти од повеќе специјалности. Таков мултидисциплинарен, мултисекторски пристап е нешто што со години функционира во сферата на трансплантација на бубрезите, во сферата на трансплантација на коскена срцевина. Со интензивна работа во изминатиот период го надградивме системот и Програмата во Министерството за здравство. За трансплантацијата на бубрези се направи електронска листа на чекање и софтвер за избор на потенцијални приматели на органи во ситуација кога има кадавер во системот на Мој Термин. Тоа значи дека секој пациент којшто е кандидат за трансплантација на бубрег има направено ХЛА типизација. Се направи листа на чекање на пациенти на кои им е потребна трансплантација на црн дроб, понатаму на коски и сето тоа е дел од таа национална листа за чекање, заедно со Националната листа на потенцијални приматели на срце и педијатриската листа на срце. Ова сето бараше еден мултидисциплинарен пристап и соработка од сите лекари специјалисти, од сите сфери“, истакна министерот Филипче.
Тој информираше дека преку аплицирање за ЕРАЗМУС програма добивме едукација на наши кадри во еминентни европски центри.
„Секоја од клиниките номинираше по еден член од стручниот колегиум, којшто во периодот којшто е пред нас ќе биде упатен на едукација. Вкупно ќе трае две години, а започнува со три месечен престој во овие европски институции кои се дел од ЕРАЗМУС размената, првпат на ваков организиран начин. После тие месеци продолжува соработката со менторите од европските институции, со цел методите коишто не се работат кај нас да бидат имплементирани во нашите институции или доколку веќе нешто се спроведува да биде доусовршено согласно сознанијата и напредокот во различни специјалности во европските центри. Сметам дека трансплантацијата на срце што се случи во месец мај беше доказ дека ваков еден системски пристап дава резултати. Во изминатите две години наш кардиохирург од Универзитетската болница во Франкфурт доаѓаше секој месец или на два месеци и работеше со нашите колеги од Клиниката за кардиохирургија“, посочи Филипче.
Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска потенцираше дека освен софтверскиот систем Националната листа за бубрези, се работи и на ист таков софтверски систем за срце, црн дроб и коски и ткива во склоп на Мој Термин.

„Одлучивме да ги зголемиме тимовите за трансплантација и бројот на болничките координатори. Се започна и со проект за отворање на Банка за ткива и коски кој треба да се реализира до крајот на годината. Се работи за просторија во која може да чуваме коски и ткива во објектот на Мајчин дом, каде успеавме да најдеме соодветна опрема и лица кои ќе се грижат за истата” – истакна д-р Мојсова и додаде дека во наредниот период се планира почесто говорење на темата за трансплантација и подигнување на свеста кај истата за разбирање на целиот процес.

Линк до видеа од изјавите на министерот Филипче и доц. д-р Мојсова.
Next Post

Во Прилеп 20 новoзаразени со коронавирус, 149 активни случаи

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk