Тригодишно дете е меѓу деветтемина битолчани позитивни на коронавирус, евидентирани во денешниот здравствен билтен, потврдија од Центарот за јавно здравје од Битола за Сакам да кажам.
„Деветте лица од Битола се на возраст од 3 до 72 години од кои пет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а останатите четири меѓусебно не се поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице“, соопштија од Центарот за јавно здравје.
Најмалиот заразен во Битола беше тримесечно бебе, кое се разболе на 23 август, а по две недели од Министерството за здравство соопштија дека бебето ја победило болеста.
Болни од ковид-19 беа и битолчани на една и четири години кои се разболеа летово и потоа закрепнаа.