Вчера во Велес со проекцијата на новиот македонски игран филм „Стела“, се отвори киното во Велес. Киното е инвестиција на Општина Велес од 67.000 евра и се наоѓа во просториите на поранешната сала „Бели мугри“.
Прекрасна и незаборавна вечер. Велес по околу 20 години доби кино со најсовремена опрема во земјата. Свечено го…
Posted by Ace Kocevski on Saturday, October 10, 2020
Салата има капацитет за 240 гледачи, но сега согласно протоколите за работа на кината, ќе може да прими 80 гледачи.
Последната претстава во старото кино „11 Октомври“ беше во март 2005.
Проектот беше приоритет во работата на градоначалникот и општината од областа на културата во 2020 година и еден од најзначајните во изминатите децении, кој Велес ќе го вброи во водечките културни центри во државата.
Ј. Ѓ.