ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Ана Василевска, интервју за ЦИВИЛ: Сега живееме во друг систем, демократски, нештата се променија, а тоа се рефлектира и во филмската продукција

October 13, 2020 14:00
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ана Василевска, новинарка со 20 годишно искуство во печатени и електронски медиуми, филмски критичар и истражувач на македонската кинематографија, авторка и на бројни хроники и анализи за развојот на нашиот филм. Во периодот од 2016 до 2019 година, Василевска била селектор и модератор на ревијалната селекција на програмата „Мак Поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“, а во 2019 и 2020 година уметнички координаторка на првата филмска ревија за македонски филмови сработени во една календарска година „Златна рамка“. Василевска е дипломиран филолог по македонски јазик и професор по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а студии по филмска и телевизиска режија ги има завршено на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“ во Скопје, каде што е и магистрант.

Причини и поводи за разговор со Василевска има многу, па во нашиот разговор пред камерата на ЦИВИЛ МЕДИА разговаравме за само еден дел од широката палета од теми во областите во кои нашата соговорничка има долгогодишно експертско и новинарско искуство. Така, со Василевска разговаравме за состојбата на македонската филмска индустрија, направивме споредби со состојбите во регионот, а секако и за неизбежната тема за линковите меѓу политиката и филмот. Во подготовките за нашиот разговор, Василевска ни открива и еден многу позитивен факт: четирикратно е зголемено учеството на жени – авторки во филмот, како режисерки, сценаристки и продуцентки.

Василевска е оптимистка и смета дека состојбата со македонската филмска продукција во последниве неколку години е одлична и дека чекори на подобар пат.

„Ако успехот на „Медена земја“, со две номинации за Оскар, на кој сведочевме и го чувствувавме како еден национален успех, кој не се повтори од 1996 до сега, ние веќе сме на прагот да постигнеме повторно номинација за Оскар, судејќи според тоа што го гледаме во медиумите, со филмот „Налепница“ на Унковски, краткометражен филм кој освои фантастично многу награди и со самите тие чекори веќе повторно кон номинација за Оскар. Ако ова не е потврда за еден навистина голем успех, не знам што повеќе може да се каже. Секако дека може подобро, и тоа што мене ме радува, како хроничар на македонската кинематографија и филсмки критичар, ги следам состојбите веќе подолго време, речиси цели 20 години, е навистина тоа што ако некогаш успехот бил инцидентен и постигне голема гледаност или пак ако освои некоја награда, тоа потоа ќе се заборави и ќе затаи низ годините, додека не се случи тој некој следен успех“, вели Василевска.

Според неа, успесите сега се нижат еден во друг и дека веќе не се зборува за инцидент, туку стратегија, воспоставување на критериум и стандард, што според неа е навистина исклучително важно за секоја дејност, особено за секоја дејност во културата и уметноста.

Во споредба со регионот, Василевска вели дека ситуацијата е доста менлива во овој миг, и дека оние кои работат во филмот, влегуваат во големи регионални копродукции.

„Тоа се случува со филмовите и нашите македонски филмови влегуваат во копродукции малцински со регионалните копродукции и обратно, од Србија, Бугарија, Хрватска, ако тоа го сметаме за регион. Сега на пат е и една копродукција, прва македонско грчка, тоа ќе биде интересен исчекор и во културолошка размена, а исто така сигурно ќе допридонесе за некои многу интересен филмски сензибилитет кој не сме го виделе досега. Така што, одмерувањето или податоците за тоа кој е подобар секогаш постојат и тоа е едно креативно ривалство кое се случува меѓу авторите во регионот. Во овој миг сметам дека македонската кинематографија која е толку горе, и едноставно толку оди напред пред сите овие регионални кинематографии, можеби бугарската исто бележи значаен скок, така што навистина сега веќе се гледа на нашата филмска уметност со да речам со една завист во позитивна смисла и навивање за тоа, кога веќе не е неочекувано кога македонски филм да влезе на престижните филмски фестивали, истиот да биде во исчекување на награда што не е баш случај со регионалните филмови“, вели Василевска.

Таа ситуација нормално исто така регионално придонесува повторно овие стандарди сите да одат погоре и да бидат дел од таа европска кинематографија или светска, додава Василевска.

„Кога станува збор за политиката и филмот тоа можеме да го поделиме, да направиме дистинкција меѓу тоа што значи политички контекст и како се создава каква било култура и уметност во еден извесен политички контекст и да го поделиме на она што значи политиката или влијанието врз филмската дејност или културата воопшто. Ние се сеќаваме на еден репресивен систем  од 11 години, недемократски, и во цел тој период интересно, како што голем дел низ историјата овие системи ја злоупотребувале максимално културата, знаејќи колкава е моќта и влијанието на културата, и на сите инволвирани интелектуалци, уметници кои можат да извршат влијание врз јавноста, секако дека еден режим тоа му идеше во интерес да го искористи. Тогаш буџетите за култура и за филм беа навистина големи, но некаков успех меѓународен ние не видовме. Со тоа што беше недемократично и не транспарентна целата таа состојба во културата, конкретно во филмот, не стигнуваа доволно информации од Агенцијата за филм што е сработено, како, каде се одлеани средствата, ние немаме увид во тоа што точно е направено. Се зборува за бројки на стотици филмови кои се поддржани од тогашната политика и режимот, излеани се средства, но филмовите никогаш не виделе бел ден“, вели Василевска.

Василевска вели дека сега живееме во друг систем и дека нештата малку се промениле.

„Сега живееме во друг систем, демократски, нештата малку се променија, и повеќе од тоа, ако се земе предвид дека оваа година по втор пат се одржа „Златна рамка“, првата беше лани, и целта на оваа ревија на македонски филмови е точно да се направи отчет на тоа што е сработено во една календарска година. Уште повеќе, што граѓаните можат да ги видат тие филмови и нормално да донесат свој суд и тоа се случува еднаш во годината, проекциите се бесплатн, иницијатор на ова е Друштвото на филмски работници кое е исто така за сметка на таа демократичност и  отвореност и транспарентност на институцијата Агенција за филм од каде доаѓа главната поддршка на филмските проекти, во една соработка која нормално дека секоја владина институција како каква што е и оваа треба да биде отворена конкретно за професионалците од истата област не обратно, не може владеачката елита да одлучува за тоа што треба да се случува со професионалците, зборувам за секоја област, конкретно во филмската уметност“, вели Василевска.

Василевска смета дека влијанието на политиката не смее никако да биде директно во однос на филмската уметност и дека рацете треба сосема да се кренат од таму.

„Не гледам влијание на политиката воопшто во филмот, темите кои се сработуваат во филмовите се сосема универзални демократски слободни“, вели Василевска.

„Филмот, ако во претходниот систем беше поддржан максимално, сега за сметка на овој успех на македонскиот филм два пати се случува да биде Буџетот скратен што влегува во Агенцијата за филм, што сметам дека ќе треба да се земе предвид дека не е во ред, затоа што кога некој оди напред треба да му се даде ветар во грбот и да не застане таму“, додава Василевска.

Ангела Петровска / ЦИВИЛ МЕДИА
камера: Игор Чадиноски
монтажа: Биљана Јордановска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk