ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: За спроведување на пописот потребна јасна политичка изјава дека нема да се злоупотребуваат бројките

October 14, 2020 22:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе мора одговорните лидери и на власта и на опозицијата да седнат и да договорат закон за попис кој ќе биде во склад со сите, апсолутно сите највисоки европски стандарди на Еуростат, и второ да договорат, политичка декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот,  се со цел да не се оспоруваат бројките од пописот.

Ова го изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски во емисијата Топ тема на ТВ Телма во врска со потребата од спроведување на пописот. Тој посочува дека предлог за политичка декларација може и тој да го поднесе и дека не би била потребна лидерска средба.

-Мораме да сфатиме една работа. Во демократијата правата на луѓето мораат да одат само нагоре и нагоре, никако надолу, никако надолу, тоа е рецепт за катастрофи и тензии. Ние ги имавме тие работи. Значи, на крајот на краиштата би предложил сосема не е битно кој колку е во оваа земја, не можеме да одиме ти си 19,9 шпекулирам и сега ти ги немаш тие права, а со 20,1 ги имаш. Затоа што, ако одиме со јасна политичка изјава дека тоа не треба да се злоупотребува на таков начин, јас мислам дека за едно попладне ќе го направиме законот за попис и никој нема да го оспорува… Само така се оди напред, затоа што ако вие оставите мал сомнеж дека зошто ги спорите бројките, тоа во една ваква етнички хетерогена држава е катастрофа, дециден е Пендаровски.

Срамота е, вели, што земјава 20 години нема спроведено попис, кој е важен за релевантни статистички податоци, потоа за изборите и за прочистување на Избирачкиот список, а додава, сега  „апсолутно ќе мораме да го спроведеме, бидејќи и Европа ќе го бара тоа од нас“.

-Знаете и сами, невозможно е во оваа земја да има 1.820.000 гласачи. Не може да има, дај боже да има, но нема. Во оваа држава можно е да нема 1.800.000 жители севкупно сосе малолетниците, а камо ли само гласачи. Да не зборувам, ниедна политика не можете да ја проектирате, да ја креирате во ниедна област – во здравство, образование, во социјала ако не знаете колкумина луѓе живеат и кој во која категорија припаѓа. Така што, јас се надевам дека овој пат ќе преовладее разумот, посочува Пендаровски.

Next Post

Филипче: Не смееме да дозволиме здравствениот систем да не е во состојба да овозможи нега секому кому му е тоа потребно

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk