Медиумот е алатка, може да се користи за добро, но и лошо, како во случај на објавување невистини со цел да се наштети на нечиј углед.
Такви невистини се информациите објавени на интернет порталите Курир, Лидер, Нетпрес и ДоказМ, со ист наслов „Скандал: Вицепремиерот кој треба да се бори против корупција, не поднел анкетен лист до Антикорупциска“.
Анкетен лист до ДКСК имам поднесено во рамки на законскиот рок, а објавата на анкетниот лист на ДКСК, е должност на институцијата.
Во изминатите три години, редовно ги понесувам анкетните листови до ДКСК. Како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, потоа како пратеник и сега како вицепремиер, во ниту еден момент не ги имам заобиколено, прекршено или задоцнето со законските процедури за транспарентна објава на имотната состојба.
До порталите е испратен демант кој очекувам да биде интегрално објавен на нивните веб страни, стои во објавата на Николовски на неговиот официјален Фејсбук профил.
Д. Е.