Противпожарната бригада Скопје, имала успешна акција на симнување на човек качен на дрво на кого му се слошило, па не можел да се симне.
Настанот како што изјави за Фронтлајн, командирот Владимир Кочовски, се случил утрово во населба Лисиче во близина на основното училиште Гоце Делчев.
Првата дојава што ја добилa противпожарната бригада, била дека човекот бил мртов, но кога пристигнале, виделе дека човекот дава знаци на живот.
Со импровизации пожарникарите успеале да го симнат човекот и истиот, како што може да се виде од снимката, одма е згрижен од Брзата помош, која пристигнала на местото на настанот заедно со полицијата.
„Човек се качил на дрво и му се слошило. Првата дојава беше дека е мртов. Но кога дојдовме видовме дека дава знаци на живот. Успешна акција. Со многу импровизации но време за чекање немаше. Му посакувам да биде добро.“, објави командирот Владимир Кочовски.
J. Ѓ.