Министерот за здравство Филипче со краток твит им одговори на ВМРО-ДПМНЕ кои повикуваа на негово разрешување и бараат одговорност од власта.
Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот. pic.twitter.com/Mqmset3pBI
— Венко Филипче (@VFilipche) October 16, 2020
Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот, напиша Филипче.
На фотографијата се забележува претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во друштво на триесетина членови или симпатизери на партијата. Безмалку сите на фотографијата не носат маска за заштита, ниту пак има некакво растојание помеѓу присутните иако се наоѓаат во затворена просторија.
Преку фото твитот, Министерот ја посочува неодговорноста и лицемерите на раководството од ВМРО-ДПМНЕ и кој тоа бара одговорност.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека најважната антикризна мерка што може Владата да ја донесе е Венко Филипче да си даде оставка.
„ Знае ли Филипче што може да се случи за една недела ако секој ден има огромно зголемување на бројката на новозаразени во едно деноноќие.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ
Ј. Ѓ.