ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривичен суд одреди мерка одземање на имот заради обезбедување за плацевите на Водно

October 19, 2020 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка притвор во трање од 30 дена на осомничениот Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно, а Кривичниот суд го уважи и барањето на Обвинителството за определување мерка одземање на имот заради обезбедување.

-Постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска беше спроведен Р.Н. заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 вв. со чл. 45 од КЗ. Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот како и произнесување на одбраната и обвинителството донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје го уважи и барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка одземање на имот заради обезбедување.

-Се определува привремена мерка одземање на имот заради обезбедување поради постоење на основано сомневање дека потекнува од кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.1 од КЗ на начин што на правното лице му се забранува отуѓување и располагање со недвижен имот од три катастарски парцели со вкупна површина од над 10.000  квадратни метри во вредност од 1.180.000 евра, посочија од Основен кривичен суд Скопје.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Претходно денеска обвинителката Вилма Русковска од судијата на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје побарала притвор и замрзнување на имотот за осомничениот Ристо Новачевски кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно.

-Истрагата се работела подолг временски период и е започната во поранешното СЈО, а последните неколкумесеци се работеше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Се работи само за едно кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ затоа што предикативното е веќе застарено. Во моментов се осомничени шест лица, изјави Рускоска пред Кривичниот суд.

Таа прецизира дека во моментов се осомничени само физички лица и додаде дека сега за сега во истрагата нема осомничено правно лице.

Во овој предмет покрај Новачевски осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

Next Post

Дури 12 починати од компликации со ковид-19, најмладиот имал 41, највозрасните 86 години

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk