ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 во светот: Бројот на досега заразени надмина 40 милиони

October 20, 2020 19:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 40.874,043 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.126,255 пациенти, а оздравеле 30.481,309 луѓе

– Во последните 24 часа, 21.331 нов случај на коронавирус е потврден во Велика Британија, а 241 лице починало. Најголем број на смртни случаи има во Англија – 213, во Шкотска – 15, во Велс – 10 и три во Северна Ирска. Од почетокот на пандемијата, 762.542 лица се заразени со вирусот, а Велика Британија е прва во Европа според бројот на смртни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 132 новозаболени лица и седум починати пациенти. Според Институтот за јавно здравје, анализирани се 777 примероци за новиот вирус.Најмногу заразени има во Подгорица 55. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот од почетокот на јуни е 238, а од почетокот на годината 247. Вкупниот број на моментално активни е 4.064. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус е 15.892.

– Во последните 24 часа во Србија тестирани се 7.242 лица на коронавирус, од кои 326 биле позитивни, а починати се две лица. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во текот на вчерашниот ден во Србија регистрирани се „само“ 122 новоинфицирани лица, а помал број се очекуваше бидејќи значително помалку луѓе се тестираат за време на викендите, особено во провинцијата. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори во здравствени установи низ целата земја се наоѓаат 25 пациенти. Вкупниот број на заразени изнесува 36.608 лица, додека вкупно починати се 780 граѓани. Вчера Србија влезе во црвената корона зона, со над 30 заразени на 100.000 жители, а проценките велат дека за 7-10 дена би можела да се најде во виолетовата зона со 50+ заболени на 100.000 граѓани.

– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна 657, откако еден пациент кај кои бил откриен новиот коронавирус почина во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 130 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.139.Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 72 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.787 лица. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.695 активни носители на вирусот.

– Грција денеска постави нов дневен рекорд, кога е во прашање бројот на новозаразени – 667, соопшти грчката Влада, со појаснување дека најголемиот дел од новозаразените се млади луѓе. Вкупно 26.469 лица се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа, во Грција од Ковид-19 починале осум лица, со што смртниот биланс се искачи на 528 случаи./МИА/

Next Post

Владата препорача исплата на октомвриските пензии од 27 октомври

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk