Доктор специјалист, вработен на хируршкото одделение во Општата болница Куманово почина од коронавирус, објави порталот Куманово њуз.
Откако состојбата на д-р Драган Тасевски му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје.
Информацијата ја потврди и директорката на установата во која тој беше вработен, Снежана Захариева, која вели дека пред десетина дена со сериозна бронхопневмонија бил испратен директно на Инфективната клинка во Скопје, а оттаму и во Систина.