Алармантни се бројките на починати лица од коронавирус во Македонија. ТВ21 ги анализираше последните 10 дена од Ковид-19 состојбата во нашата држава. Според тоа, за неполни две недели, починати се 77 лица, најголем број возрасни пациенти кои се наоѓале во болница.
13.10- 3 починати
14.10- 9
15.10- 6
16.10 – 6
17.10- 3
18.10- 10
19.10-12
20.10- 4
21.10- 12
22.10- 12
Во изминатите 24 часа од напревени 2634 тестови, 640 лица се позитивни на коронавирус. Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие регистрираше 143 оздравени пациенти.