Според информации на МЗ најмногу активни случаи во моментов има во: Скопје – 3.388 лица. Жариште во главниот град претставува општина Аеродром, каде бројот на активни случаи е над 656. Зад оваа општина се Карпош со 522 и Центар со 507 активни случаи во моментов. Чаир подолго време беше критикуван за најголемиот број заразени пред летото, но веќе подолг период Аеродром го држи приматот.
Дистрибуција по општини во Скопје:
• Чаир – 167
• Гази Баба – 420
• Аеродром – 656
• Карпош – 522
• Центар – 507
• Кисела Вода – 395
• Ѓорче Петров – 276
• Бутел – 140
• Шуто Оризари – 25
• Студеничани – 7
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 61
• Сопиште – 27
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –20
• Зелениково – 8