На Косово, во изминатите 24 часа две лица починаа од последиците на инфекцијата од коронавирус, па вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е зголемен на 661, соопштија косовските власти.
Според податоците на Националниот институт за јавно здравство на Косово, тестирани се 1.056 примероци, а присуството на вирусот лабораториски е потврдено во 166.
Со 86 случаи на новозаразени, општина Приштина и натаму е на прво место.
Од почетокот на епидемијата, на Косово се тестирани 86.098 лица со симптоми на инфекција, а позитивни били 17.757.
Во текот на последните 24 часа за излекувани се прогласени 55 пациенти, така што вкупниот број на излекувани до денес се 15.034, а активни се 2.062 случаи.